Неексплодирана граната е пронајдена при изведување градежни работи зад старата железничка во центарот на Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
„Вчера, во 8:45 часот, по дојава од страна на МВР, пронајдено е неексплодирано убојно средство. Тоа е извадено при ископ на земја зад старата железничка станица од страна на градежна фирма“, се вели во соопштението.