Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и високиот севернокорејски претставник Ким Џонг Чол, ќе се сретнат в четврток или в петок, објави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“ повикувајќи се на неименуван дипломатски извор.
Се очекува двете страни на оваа средба да ги утврдат местото и датумот на вториот самит меѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.
Јужнокорејската агенција „Јонхап“ исто така пренесува изјава од анонимен дипломатски извор, кој рекол дека Помпео и Чол би можеле да се сретнат оваа недела.