Сосема е природно една невеста на денот на венчавката кога треба да го изговори судбоносното ДА да биде под стрес, но некои невести навистина претерале.
На прашањето на еден блог, која е најлошата венчавка на која сте присуствувале, има многу чудни приказни.
Една од нив е дека верувале или не, невестата го оставила младоженецот бидејќи носел погрешна вратоврска која не и се допаѓала.
Многу невести ја прекинале свадбата бидејќи не им се допаднало како изгледаат деверушите.
Имало и случаи во кои ако некоја од гостинките изгледала убаво, невестите им давале „откази”.