За да го направите својот дом блескаво чист, често користите скапи детергенти кои можат да бидат и многу опасни.
Но, одличен избелувач за фугите помеѓу плочките во бањата или кујната можете сами да подготвите дома. Плочките ќе изгледаат како нови!
За таа цел подгответе ја селедната смеса:
- 7 чаши вода (1,5л)
- ½ чаша сода бикарбона
- 1/3 чаша сок од лимон
- ¼ чаша алкохолен оцет
Во 1,5 вода растворете ја содата. Додадете го сокот од лимон и на крајот полека додадете го оцетот.
Почекајте додека помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.
Со четкичка или со сунгер втривајте од смесата во фугите помеѓу плочките и ќе видите како фугите стануваат бели, а плочките добиваат свеж и обновен изглед.