Аршад Кан има 19 години, а до неодамна служел чај на пазар во Пакистан. Не ни претпоставувал дека една фотографија потполно ќе му го промени животот.
За време на работата го фотографирала Џаи Али, професионален фотогра, во Исламабад пред неколку месеци, а фотографијата на Инстаграм ја објавила пред четири дена. Таа под фотографијата ставила хаштаг #chaiwala (продавач на чај), после што стана доста популарен на социјалните мрежи. Буквално преку ноќ, Аршад стана главна ѕвезда на медиумите ширум светот.
„Од утрово на работа ме посетија педесетина девојки“, изјави Аршад за пакистанските медиуми и додаде дека радо би глумел ов фил. Добил понуда да биде заштитно лице на една модна марка. Иако за кратко стана славен, тој се пожали поради предрасудите кои се појавиле за луѓето кои припаѓаат на ниската класа.
По повод на овој случај се огласи колумнистот Фраханаз Захид, кој напиша: „Имам проблем со тоа што сите се изненадени што тој е продавач на час. Ова момче евидентно израснало како припадник на ниската класа, а сепак добро изгледа“.