Кога кучињата Тили и Фиби не се вратиле дома после прошетка, сопственикот правел се за да ги прнајде.
По една недела безуспешна потрага нивните фотографии ги објавил на Facebook, па некој непознат маж му се јавил да му каже дека ја пронашол Тили.
„Кога дојдовме, ја видовме Тили како стој на работ од запуштен базен. Ја викавме, но не сакаше да дојде, само ја туркаше главата кон базенот. Кога пријдовме видовме дека сака да ни покаже друго куче, кое паднало во базенот. Тоа беше Фиби“, кажуваат волонтерите кои ги барале кучињата.