6 C
Skopje
петок, февруари 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Неверојатен пресврт на Мемфис, Конли ја замолкна Оракл арена

Кошаркарите на Мемфис со неверојатен пресврт ја освоија Оракл арена во Оукланд, откако против Голден Стејт надоместија негатива од 24 поени и на крајот победија 128:119.

Стеф Кари и Кевин Дурент блеска против Мемфис, Голден Стејт на пет минути до крајот на третата четвртина имаше огромна предност 90:66, но на крајот противникот ја однесе победата.

Последниот период Мемфис го доби со 32:12, а мечот во продолжение го однесе Мајк Конли кој постигна тројка на 7,4 секунди до крајот.

Во дополнителните пет минути Мемфис на почетокот направи серија која вицепрвакот не успеа да ја стигне.

Зек Рендолф со 27 поени и 11 скокови и Мајк Конли со 27 поени го предводеа Мемфис до големата победа. Кај Голден Стејт Стеф Кари постигна 40 поени, а Кевин Дурент забележа 27 поени и 13 скокови.

Актуелниот првак Кливленд славеше над Бруклин 116:108, а тимот го предводеше Леброн Џејмс со 36 поени, 9 скокови и 6 асистенции.

Џејмс Харден не блескаше против Орландо, иако беше блиску до нов трипл дабл учинок, но Хјустон успеа да победи 100:93. Харден забележа 14 поени, 10 асистенции и 7 скокови.

Победи во синоќешните натпревари забележаа уште Бостон, Њујорк, и двете екипи од Лос Анџелес и Вашингтон.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.