6 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Неверојатен меч на Џејмс Харден (видео)

Фантастичниот Џејмс Харден и кошаркарите на Њу Орлеанс ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, во која беа одиграни 10 натпревари.

https://youtu.be/Vjut2dmkmMY

Хјустон ја совлада Филаделфија со 123:118, а најдобриот играч на „ракетите“, Џејмс Харден одигра уште еден брилијантен натпревар. Најпозната брада во НБА лигата одигра вистинска симултанка со противникот завршувајќи го натпреварот со трипл дабл од 51 поен, 13 скокови и 13 асистенции. Во редовите на Филаделфија се истакна Џоел Ембид со 32 поени.

Њу Орлеанс приреди мала сензација со победата над Сан Антонио 119:103. Домаќинот направи пресврт во третиот период кога стигна и до двоцифрена предност, која беше клучна за триумфот.

Најефикасен во редовите на победникот беше Џру Холидеј со 23 поени и 11 асистенции, додека Ентони Дејвис мечот го заврши со 16 поени и 22 скокови. Кавај Ленард го предводеше Сан Антонио со 23 поени.

На другите натпревари: Индијана надомести негатива од 16 поени и по продолжението го совлада Сакраменто со 115:111, Бостон го победи Орландо 128:98, Кливленд славеше над Бруклин 124:116, а Њујорк го порази Шарлот со 110:107. Екипата на Торонто славеше против Милвоки 102:86, Портланд беше подобар од Мемфис 112:109, Мајами победи во Чикаго 100:88, а Атланта загуби од Вашингтон 86:112.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.