Сега веќе поранешниот сопственик на, Хјустон Рокетс, Лесли Александер, реши да му ја продаде франшизата на милијардерот Тилман Фертита за 2,2 милијарди долари.
Дека франшизата се продава објави претседателот на Хјустон Тед Браун во јули. Инаку, вредноста на франшизата во тој момент според „Форбс“ изнесуваше 1,65 милијарди долари.
Александер во 1993 година го купи Хјусто за 85 милиони долари.
Тилман Фертита е бизнисмен и е сопственик на синџирот ресторани под името „Лендри Инц.“ Ова е една од најголемите ресторански корпорации во САД.