Играчкиот рекорд на Леброн Џејмс и тренерскиот на Грег Поповиќ, поразот на Голден Стејт во Сакраменто и 27 поени во една четвртина на Девин Букер од Феникс ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Леброн Џејмс на дуелот против Њујорк кој Кливелнд го доби со 111:104 стана најмладиот играч во НБА историјата со постигнати 28.000 поени во кариерата. Џејмс натпреварот го заврши со 32 поени, 5 скокови и 10 асистенции.
Сан Антонио славеше во дуелот со Денвер 121:97, а тренерот Грег Поповиќ ја запиша историската 1.128 победа и стана тренер со најмногу победи на клупата на еден тим.
Сакраменто во драматичен меч, по едно продолжение, го совлада Голден Стејт 109:106. Демаркус Казинс го предводеше Сакраменто со 32 поени, додека кај Голден Стејт кој го запиша осмиот пораз во сезоната, најефикасен беше Стеф Кари со 35 поени.
Инаку, во третата четвртина беше исклучен тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, откако бурно реагираше на една судиска одлука.
https://youtu.be/wxVq7IxSqeo
Мајами против Филаделфија ја продолжи победничката низа и е третиот тим, по Хјустон и Голден Стејт, кој сезонава остварил најмалку десет победи во низа.
Мајами ја победи Филаделфија 125:104, а блескаше центарот Хасан Вајтсајд со 30 поени и 20 скокови.
Милвоки славеше против Феникс 137:112, но натпреварот мина во знакот на бекот на Санс, Девин Букер кој постигна 31 поен, 27 од нив во втората четвртина.