6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    НБА: Кари и Леброн ја предводат најдобрата петорка

    Стеф Кари и Леброн Џејмс ја предводат најдобрата петорка во НБА лигата, во регуларниот дел од сезоната. Кари, кој едногласно беше избран за МВП на сезоната, ги доби сите 645 бодови во изборот на новинарите и тренерите, додека Леброн доби осум бодови помалку.

    kari labron

    Покрај Кари и Леброн, во првата петорка се избрани уште Расел Вестбрук од Оклахома, најдобриот дефанзивец во лигата Кавај Ленард од Сан Антонио и центарот на ЛА Клиперс Деандре Џордан.

    Леброн Џејмс десетти пат е избран во најдобрата петорка во лигата и сега е втор на вечната листа, пред него се само Коби Брајант и Карл Мелоун кои 11 пати биле бирани во првата петорка.

    Во првата петорка не влезе ѕвездата на Оклахома Кевин Дурент, тој заедно со Дрејмонд Грин од Голден Стејт ја предводи втората најдобра петорка, која ја комплетираат Крис Пол (ЛА Клиперс), Демијан Лилард (Портланд) и Демаркус Казинс (Сакраменто).

    Во третата петорка се избрани Кајл Лаури (Торонто), Клеј Томпсон (Голден Стејт), Андре Драмонд (Детроит), Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио) и Пол Џорџ (Индијана).

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.