Изненадувачката победа на Јута во Сан Антонио (106-91) и убедливиот триумф на Голден Стејт во Портланд (127-104) ги обележаа натпреварите кои во НБА лигата се одиграа ноќта помеѓу вторникот и средата.
https://www.youtube.com/watch?v=q_OHCfZuBvI
И покрај стартниот пораз екипата на Голден Стејт е првиот фаворит за титулата во НБА лигата. Вориорс по поразот од Сан Антонио во првиот меч, врзаа три победи, последната во Портланд 127-104.
Стеф Кари постигна 28 поени (5/10 за три) на кои придодаде четири скока и три асистенции, Кевин Дурент постигна 20 поени, а изненади Иан Кларк, кој влегувајќи од клупата уфрли 22 поени (8/8 за два).
Портланд вообичаено го предводеше Демијан Лилард со 31 поен.
Јута му го нанесе првиот пораз во сезоната на Сан Антонио победувајќи со 106-91. Џордан Хил имаше учинок од 22 поени и седум асистенции, Родни Худ постигна 19, а Треј Лајлс 15 поени. Кај Спарси најефикасни беа Кавај Ленард (30 поени, 7 скока) и Ламаркус Олдриџ (21 поен).
Орландо против Филаделфија надомести негатива од 18 поени и на крајот славше 103-101. Црногорскиот центар Никола Вучевиќ го предводеше Орландо со 24 поени и 14 скокови, а на спортивната страна се истакна уште еден играч од Балканот, Хрватот Дарио Шариќ кој уфрли 21 кош.
Резултати: Индијана-ЛА Лејкерс 115-108, Детроит-Њујорк 102-89, Мајами-Сакраменто 108-96, Минесота-Мемфис, Њу Орлеанс-Милвоки 113-117