6 C
Skopje
петок, февруари 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НБА: Вестбрук како Џордан и Робертсон

Брилијантниот Расел Вестбрук ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Бекот на Оклахома и на седмиот меч во низа забележа трипл дабл со што се израмни со Мајкл Џордан во 1989 и Оскар Робертсон во 1961 година.

vestbruk

Вестбрук блескаше против Хјустон но неговиот тим не успеа да победи. Хјустон , во Оклахома, славеше 102:99. Тревор Аризи го реши мечот, тој на пет секунди до крајот погоди две слободни фрлања.

Џејмс Харден го предводеше Хјустон, него му недостигаше еден скок за трипл дабл (21 поен, 12 асистенции и двете скокови).

На спротивната страна Вестбрук забележа 27 поени и по 10 скокови и асистенции, тој се израмни на вечната листа со две НБА легенди, Џордан и Чемберлен, а пред него е уште Вилт Чембрелен кој во 1968 година на девет натпревари во низа бележел трипл дабл учинок.

Покрај Вестбрук индивидуално се истакнаа и Кармело Ентони Денис Шредер. Мело во победата на Њујорк над Сакраменто 103:100 постигна 33 поени, а ист број на кошеви реализираше Шредер во Милвоки, каде Атланта победи 114:110.

Резултати: Шарлот-Орландо 109:88, Бостон-Торонто 94:101, Кливленд-Мајами 114:88, Минесота-Детроит 90:117, Далас-Индијана 111:103, ЛА Лејкерс-Феникс 115:119.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.