6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

На 26-годишна возраст почина поранешен играч на Бостон

Фабрисио Мело, кошаркар од Бразил, во минатото драфтуван од Бостон во НБА лигата, ненадејно почина на 26-годишна визраст.

Мело бил пронајден мртов во својот роден град Хуиз де Фори, во државата Минас Жераис. Според информациите тој заминал на спиење, а наредното утро неговото безживотно тело го пронашла неговата мајка.

Бразилецот во 2012 година како 22-ри пик на драфтот го избраа Бостон Селтикси. За славниот НБА тим Мело одиграл шет натпревари, а потоа тимот го трјдува во Мемфис, па во Далас, но за овие две екипи никогаш не одиграл натпревар.

До својата смрт, чии причини сеуште несе познати, играше во Бразил. Бразилските медиуми пренесуваат дека во текот на кариерата имал тешка повреда на главата.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.