Италијанскиот министер за надворешни работи, Матео Салвини, изјави дека специјалниот суд одлучил да му се суди, бидејќи минатата година не дозволил 150 мигранти кои се наоѓале на спасувачки брод да бидат сместени во Сицилија.
Судот, кој ја преиспитува истрагата во која се вмешани и министри од владата, ја ппоништи претходната препорака на обвинителите дека од овој политички мотивиран случај треба да се повлече, пренесува „Ројтерс“.
„Ми се заканува казна затвор од три до 15 години, бидејќи јас не дозволив илегални мигранти да влезат во Италија. Немам зборови”, напиша Салвини на „Твитер“.
Го прашувам италијанскиот народ: Дали да продолжам да бидам министер, да ги остваруваат своите права и должности, или би требало да го прашувам судот да одлучува за имиграционата политика, изјави тој.
По одлуката на судот, Горниот дом на италијанскиот Сенат деновиве ќе биде повикан да се одлучи дали на Салвини може да му се суди, пишува британската агенција.
Против Салвини во август минатата година беше покрената истрага за наводна злоупотреба на власта и држење на луѓе против нивната волја, откако тој одби да им дозволи на мигрантите кои беа на спасувачки брод да бидат симнати во Сицилија.