Актерот Џони Деп (55) пристигна во Белград во саботата, каде што престојуваше во пентхаус на луксузен хотел каде што има свој влез во комплексот, како и свој персонал поведе со себе. Во Србија, следниот месец, тие ќе го снимаат филмот „Минамата“, а организаторите се потрудија да му обезбедат строго осигурување и да го заштитат од обожаватели и папараци.
Деп единствено побара да се сретне со режисерот Емир Кустурица (64).
„Состанокот ќе го организираме на сетот. Џони ќе снима 15 часа дневно и ќе се обидеме да го усогласиме тоа со обврските на режисерот, кој снима два нови филма. Актерот ја довел својата послуга во Белград, која се грижи за него и го следи во чекор“, вели извор близок до познатиот актер.
Џек Спароу од хит-серијата „Пиратите од Карибите” сака да го посети Белград, но без медиумска помпа. Деп веќе беше гостин на Кустурица пред неколку години на Меѓународниот филмски и музички фестивал „Кустендорф” во Србија.
„Емир е мојот брат и инспирација за мене. Тој настојува да ја задржи вистинската уметност, како и Џим Џармуш, Тим Бартон. Поради таквите луѓе, сè уште сум во филмскиот свет”, изјави тогаш Деп.
Пентхаусот во Белград каде што престојува Деп има посебен приватен влез низ гаражата до самиот стан кој е на две нивоа, огромна дневна соба со поглед на центарот, па дури и три бањи. Вработените во хотелот немаат никаков контакт со него, ниту пак смеат да влезат во неговиот апартман за време на неговиот престој во него. Неговиот персонал ќе му подготвува и носи храна.
„Условот за снимање филм во Србија беше дека деталите за доаѓањето на Деп и сите податоци за снимањето ќе се чуваат во строга тајност. Џони е голем професионалец и не сака ништо да го попречува во неговата работа. Сите потпишаа договор за строго чување на информации, така што холивудската ѕвезда во Србија ќе биде заштитена како високите функционери – изјави извор близок до холивудската ѕвезда за српските медиуми.
Деп ќе престојува во Србија до почетокот на март, а потоа оди во Црна Гора.