6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    На австриски бегалец му “се смачиле” Канарските острови па се вратил зад решетки да си ја одлежи казната: По 10 години бегство им тропнал на врата на полицајците

    Еден побегнат затвореник се појавил по 10 години бегство, пред полициската станица во Салцбург со желба да се врати во затворската ќелија.

    Австриецот, на возраст од 64 години, по бегството живеел на Тенерифе, но сега, во староста, одлучил да се врати во татковината. Тој со два куфери допатувал преку Минхен во Салцбург, каде тропнал на вратата на полициската станица.

    Бегалецот на зачудените полицајци им рекол дека Тенерифе повеќе не е тоа што било, дека не е толку убавo и дека премногу долго живеел таму. Откако бил проверен неговиот идентитет, се воспоставило дека побегнал од затворот Шварцау ам Штајфелд.

    Во договор со судот и обвинителството, тој бил префрлен во затвор во Салцбург.

    Инаку, тој во декември 2008-ма година побегнал, и тоа половина година пред истекот на казната.

    Бидејќи во Австрија бегството од затвор не е казниво, Австриецот ќе мора да одлежи половина година, колку што му останало од некогаш изречената казна.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.