6 C
Skopje
сабота, мај 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Најталентираниот светски играч ќе биде прв пик на НБА-драфтот

    Младиот Словенец Лука Дончиќ ќе биде прв пик на НБА-драфтот и по мадридски Реал ќе заигра во дресот на Феникс Санс, тврди ЕСПН.

    Истиот извор тврди дека на драфтот што ќе се одржи на 21 јуни, Дончиќ ќе стане вториот европски играч кој е избран од првата позиција, по Италијанецот Андреа Барњани во 2006 година.

    Минатото лето заедно со Горан Драгиќ, Дончиќ ја предводеше Словенија до златниот медал на Европското првенство, а оваа сезона игра брилијантно во дресот на Реал.

    Меѓу кошаркарите кои конкурираат за место во Топ 10 на драфтот покрај Дончиќ конкурираат Диандре Ејтон, Мајкл Портер, Марвин Бегли, Треј Јанг, Мохамед Бамба, Џарен Џексон, Вендел Картер, Колин Секстон и Микел Бриџис.

    Од играчите кои настапуваат во АБА-лигата, најмногу шанси да се најде меѓу првите 20 има Џанан Муса од Цедевита, додека прогнозите се дека Бориша Симаниќ (ФМП Железник) и Гога Битадзе (Мега Бемакс) ќе бидат избрани во втората рунда.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.