„Возам 57 години и не ми требаат очила“, вели за „24сата“ најстариот возач во Хрватска, Антон Тони Грегориќ. Тој за возачка дозвола положил во 1960 година, „фиќо“ е првиот автомобил кој го имал, а планира да вози до 100 години.
„Никогаш не сум предизвикал сообраќајна несреќа, ниту пак ме казнила полицијата“, вели тој.
Освен што целиот живот спортувал и играл тенис до 90 години, Антон често и планинари.
„Одлично слушам и рефлексите ми се добри, па не ми е проблем секој ден да седнам зад воланот и со „пежото 206“ да се возам низ цела Истра“, раскажува Грегориќ.
Поради длабоката старост, тој секоја година мора да оди на лекарски преглед пред да му ја продолжат возачката дозвола.
„За ништо не се нервирам. Оптимист сум кој живее ден за ден и не гледам ништо црно во животот. Секој ден јадам супа, обожавам многу риба, зеленчук и овошје“, вели тој за хрватските медиуми.