Фрањо Селак, професор по музика од Петриња, Хрватска, целиот свет го прогласи за најсреќен и најнесреќен човек во светот. Шестпати ја избегнувал смртта, а на лото добил околу 900 000 евра.
Како професор по музичко тој често ги менувал градовите во кои работел и поминал дел од својот живот во Модрича во БиХ. Училишниот излет во Оџак во 1957 година се претворил во кошмар за Фрањо и возачот Ахмет. За среќа, тие децата ги оставиле во Оџак, а тој и возачот на автобусот отишле во Модрича со намера да се напијат по една чашка. На една кривина, наместо десно, отишле право иако Ахмет го свртел воланот. Тие удриле во оградата на мостот и паднале во реката Босна. За среќа, реката не е длабока на тоа место, па затоа не се удавиле, раскажа Фрањo.
Следната година, Фрањо преживува уште една голема несреќа. Тој беше еден од патниците во возот Сараево-Дубровник. Во некогаш популарниот „Ќиро“ се возел со баба во купе кога огромна карпа паднала на шините и возот отскокнал од шините и паднал во студената Неретва.
WORLD’S LUCKIEST MANFrano Selak, retired music professor from Croatia was dubbed the world’s luckiest man after…
Gepostet von Destiny Rules am Dienstag, 21. Juli 2015
„Никогаш не реков дека сум храбар. Попрво ќе кажам дека сум кукавица и ужасно се исплашив. Некако го скршив прозорецот и водата влезе во вагонот. Успеав да ја фатам бабата и испливавме на површината. Ја држев бабата сè додека не почувствував нечии раце, кои нѐ повлекоа на сигурно“, вели тој.
Кога мајка му во 1962 година беше сериозно болна во Риека, тој одлучил да лета од Загреб до Риека со авион. Седел во опашката на авионот, веднаш до вратата за излез во случај на опасност и до мала шведска маса од каде што стјуардите носеле освежување за патниците. Фрањо се загледал во една убава стјуардеса, го извадил ременот и станал да разговара со неа неколку минути. Потоа слушнал силен удар. По три дена, во шок-собата на Клиниката за трауматологија во Загреб тој дознал што се случило.
Лекарите му кажале дека авионот удрил во планината и дека загинале сите членови на екипажот и патниците – 20 лица. Преживеале само Фрањо и убавата Розика.
Подоцна, Фрањo уште двапати ја избегнувал смртта возејќи се во својата „лада“, која првиот пат се запалила за време на возење, а вториот пат се запалила и експлодирала.
А потоа во 2002 година Фрањо погоди седмица на лото и доби околу 942 000 евра.
Денес тој живее од пензија. Фрањо признава дека не го бидува за бизнис. Тој им позајмувал пари на сите, но вели дека не му ги вратиле. Им купил 25 автомобили на пријатели, кумови, роднини и познајници. На луѓето им купувал крави и мебел, инструменти за цели оркестри. Купил куќа за 120 000 евра и ја продал за 70 000 евра. Купил два апартмана во Чиово за 100 000 евра, а кога сфатил дека воопшто немаат прозорци, ги продал за 30 000…
Некои интернет-страници и медиуми ја проверуваа неверојатната приказна на Фрањо и сѐ уште има доза скепса дека навистина му се случиле сите овие несреќи. Без оглед на вистината, факт е дека Селак минатата година стигна на Риплиевата листа „Верувале или не“.