Најмалку 22 лица се повредени во експлозија што одекна во кафуле во рускиот регион Саратов, објави агенцијата „Тасс“, повикувајќи се на информации од регионалната служба на руското Министерство за вонредни состојби.
Засега не е наведено што би можело да биде причина за експлозијата.
„Од 40 луѓе колку што се наоѓале во кафулетo, повредени се 22. Меѓу нив има и двајца малолетници на возраст од четири и шест години. Четиринаесет повредени се префрлени во болница, а за останатите 8 лица не беше потребна медицинска помош“, изјавил за агенцијата портпарол на регионалната служба на руското министерство.