Една жена била застрелана на паркингот на една црква во Хјустон, Тексас во четвртокот, а уште едно лице било рането, пренесува „Спутник“.
Според Канцеларијата на шерифот на округот Харис, пукањето се случилона паркингот од католичката црква „Христос избавителот“, меѓутоа се уште нема уапсени.
Локалните власти ја започнаа истрагата за инцидентот и рекоа дека наскоро ќе обезбедат опис на осомничениот.