Во неодамна објавеното истражување, ги запрашале испитаниците дали би излегле од ресторан кога во него би виделе бубашваби, муви, мравки или змии, односно во кој случај најбрзо би излегле.
Повеќе од 60% проценти од испитаниците како нешто најлошо ги издвоиле бубашвабите. Но, научниците предупредуваат дека вистинската закана доаѓа од мувите, бидејќи пренесуваат двоструко повеќе бактерии.
Но, тоа не е најодвратното.
Мувите обожаваат измет, ѓубре и распаднати мртви животни. Бидејќи не можат да џвакаат, храната која ја пронаоѓаат на овие места ја растопуваат со ензимите кои ги плукаат додека ја шмукаат.
Со други зборови, кога мувата ќе слета на вашата чинија, таа всушност ќе плукне во храната која ја јадете. Освен тоа, на влакната од нејзините нозе има бактерии и вируси кои остануваат на храната.