Здружението за канабис и зелени политики и Здружението на млади кривичари на 12 декември организираа научна расправа на тема „Легализација на канабисот – ДА или НЕ?“ на која ќе учествуваат адвокатот Јанаки Митровски, судијата Владимир Туфегџиќ, јавната обвинителка Ленче Ристоска, професорите Александра Деаноска, Драгана Кипријановска и Никола Тупанчевски. „На темата поканетите ќе ја посочат потребата од измена на наркоинкриминациите“, пишува во поканата.