6 C
Skopje
недела, ноември 9, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Зошто не треба да ја убивате “смрдливката“ во домот?

Деновиве голем број на граѓани се жалат на наезда на зелените бубачки, таканаречени смрдливки.

Факт е дека овие бубачки не претставуваат никаква опасност по луѓето, но многумина или се плашат или се гнасат од нив.

На вашите настојувања да ги фатите и повторно исфрлите надвор овие бубачки ќе реагираат така што во самоодбрана ќе ви пуштат смрдлива течност.
Но, она што останало во народот е почитта кон смрдливките и верување во нивните натприродни моќи. Нашите предци верувале дека:„ Кога смрдливка ќе влезе во домот – ќе има пари“.

Затоа не ги убивајте овие бубачки и дозволете им како патници намерници да се прикријат од ветерот, дождот, студот и снегот, а тие ќе ви дозволат благосостојба во вашиот дом.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.