6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Направете го ова уште вечерва: Пред спиење, задолжително испијте чаша вода

    Водата е течност која е многу важна за нашето здравје и добросостојба, но голем дел од луѓето забораваат на редовната хидратација.

    Нутриционистите и докторите препорачуваат дневно да се внесува околу 2 литри вода. Освен тоа, голем дел од нив посочуваат дека е многу корисно пред спиење да се испие чаша вода.

    Едно истражување кое е спроведено во 2014 година дошло до заклучок дека недостатокот на вода во организмот води кон депресија, што исто така може да придонесе и за значајно пореметување на спиењето.

    Ова истражување истакнува дека внесувањето вода пред спиење влијае на расположението, односно дека луѓето кои честој пијат вода се посреќни, позадоволни и посмирени.

    Чашата вода пред спиење особено доколку е млака или топла го поттикнува варењето и детоксикацијата на организмот. Топлата вода ја поттикнува и циркулацијата, помага за губење на килограмите, а придонесува и за исфрлање на токсините преку потење.

    Водата пред спиење овозможува доволно хидратација, но и ги смалува болките во мускулите и стомакот. Во неа, можете да додадете и малку лимон, што ќе и го збогати вкусот и ќе придонесе за внес на витамин Ц.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.