Министерството за здравје на Конго соопшти дека од епидемија на ебола во земјата загинале повеќе од 400 лица, особено на истокот и североистокот во земјата.
„Од почетокот на епидемијата загинаа 402 лица“, се наведува во соопштението и се додава дека 237 се излечени, а за околу 200 лица постои сомнеж дека се инфицирани.
Во Конго од 1975 година имало десет епидемии на ебола. Минатиот пат кога беше прогласена епидемија починаа 33 лица. Крајот на таа епидемија беше прогласен во јули минатата година, а една седмица подоцна изби нова, десетта епидемија во друг дел од земјата. Во големата епидемија на ебола во 2013 година, во западна Африка починаа повеќе од 11.300 лица, најмнногу во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.
Заболените од ебола добиваат треска проследена со болки во мускулите, нагло покачување на температура, главоболка и пад на имунитетот, а понекогаш и крвавење.