На потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, не му се допаѓаат евентуалните кандидати за претседател на Македонија на следните избори на пролет кои се прифатливи како консензуални за раководството на коалициониот партнер ДУИ.
„Консензуален кандидат за ДУИ да ти биле Денко Малевски, Лазе Еленовски па дури и Владо Поповски, не знам зошто на оваа листа не го додадат и Влатко Ѓорчев ?!!“, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.
Инаку претседателот на СДСМ, премиерот Зоран Заев, во своето последно телевизиско интервју рече дека партијата која ја предводи во моментов разгледува десетина кандидати Македонци и Албанци кои би можеле потоа да го предложат заедно со ДУИ.