Кијану Ривс е најприземјената „ѕвезда“. Ќе го видите како се вози со јавен превоз, како шета сам, без телохранители, облечен во евтина облека, додека пие сок и јаде сендвич на клупа…
Неговата животна приказна е трагична. Несреќата почнува да го следи на 3 години, кога неговиот татко го напуштил. Променил 4 различни училишта откако се борел со дислексија, која го направила неговото школување екстремно тешко.
На негови 23 години го губи најдобриот пријател поради предозирање. Во 1999-та година, неговата девојка Џенифер, која била 8 месеци бремена, раѓа мртво бебе. Не можејќи да го поднесат притисокот, се разделуваат. 18 месеци подоцна Џенифер загинува во сообраќајка.
Неговата хорор животна приказна не може да ја изрежира ниту најмрачниот човечки ум, но сепак, во Кијану останува огромна доза желба за живот.
Ова е неговата мудрост која ќе направи да живеете подобар и посреќен живот:
Мајката на мојот пријател се хранеше здраво целиот нејзин живот. Никогаш не консумираше алкохол или нездрава храна, вежбаше секој ден, беше витална, активна, ги земаше сите суплементи препорачани од нејзиниот доктор, никогаш не се изложуваше на сонце без крема со заштитен фактор, а кога беше на сонце, времето беше ограничено – на кратко, правеше сè за да го заштити своето здравје. Сега има 76 години и има рак на кожата, рак на коскената срж и остеопороза во краен стадиум.
Таткото на мојот пријател јаде сланина врз сланина, става два слоја путер, консумира масти и мислам дека никогаш не вежбал. Секое лето кожата му гори до црвенило. Поточно, животот го живее како што сака, не како што другите сметаат дека е правилно. Има 81 година и докторите велат дека е здрав како младо момче.
Луѓе, не можете да се сокриете од својот отров. Тој постои и ќе ве најде, па како што би рекла мајката на мојот пријател: Да знаев дека животот ќе ми заврши вака, ќе го живеев со полна пареа, ќе правев сè што ќе посакав, а не она што ми кажуваа да го правам.
Никој од нас нема да се извлече жив, па ве молам престанете да се третирате како што другите ве советуваат.
Јадете вкусна храна. Шетајте на сонце. Скокнете во океан. Кажете ја вистината која ја носите во срцето како скриено богатство. Бидете будалести. Бидете љубезни. Бидете чудни. Немате време за ништо поинаку.“
Извор: Crnobelo.com