Цитатите на овие заборавени генијалци биле зачувани над 1000 години и сè уште носат моќни пораки, од кои може да научиме многу.

„Не губи време расправајќи за тоа каков треба да биде добриот човек. Биди таков човек.“   – Марко Аврелиј, император на Рим.

„Внимавај на здодевноста на зафатениот животен стил.“ – Сократ

„Среќата и слободата започнуваат со еден принцип. Некои работи се во ваша контрола, а некои не се.“ – Епиктет, филозоф.

            „Не кажувај малку со многу зборови туку многу со малку зборови.“ – Питагора

„Потешкотиите го зајакнуваат умот како што работата го зајакнува телото.“ – Сенека Помладиот, филозоф.

                                „Соба без книги е како тело без душа.“ – Цицерон, филозоф и адвокат.

„Среќен е човекот кој ги скршил ланците кои го повредуваат умот и се откажал од грижата еднаш засекогаш.“ – Овид, римски поет.

„Нашата најголема слава не е во непаѓањето, туку во станувањето секогаш кога ќе паднеме.“ – Конфуциј, кинески филозоф.

„Добриот карактер не се формира во недела или месец. Се создава малку по малку, ден за ден.“ – Хераклит, филозоф.

„Добрите дела ни даваат сила и инспирираат добри дела кај другите.“ – Платон