Брендот „Тотал“ e 4-та по големина нафтена компанија во светот, а за македонскиот пазар компанијата „Еуроимпекс“ е генерален увозник веќе 22 години. Почнале на 1 февруари 1996 година. Во моментов работат со над 220 комитенти на територија на Република Македонија. Во почетоците „Тотал“ како бренд бил апсолутно непознат на нашиот пазар.
„Само како илустарција, многумина од нашите пријатели нè прашуваа зашто сме почнале со увоз на пастата за заби Тотал колгејт. Можете да замислите каков труд требаше да се вложи да бидеме она што сме денес. Нашата стартна позиција на ‘атлетската патека’ беше точно исцртана, се чекаше само стартот, зајакот на трката беше нашиот бренд ‘Пежо’ и ‘Ситроен“’, изјавува Зоран Мирковски, директор на секторот за масла и акумулатори во „Еуроимпекс“.
Да не заборавиме дека оваа година „Тотал“ и „Ситроен“ одбележуваат 50 години од нивното работење. Со текот на времето полека, помалку и срамежливо, но крајно искрено и со целосна земана доверба од своите комитенти, маслото „Тотал“ го најде својот пат во сите сегменти на продажба. „Еуроимпекс“ се гордее со постигнатиот резултат и масовната употреба на маслото „Тотал“, кое не е само наменето за возилaта на PSA, туку за сите брендови на возила, како од патничкиот така и комерцијалниот сегмент.
„Морам да признаам и со гордост да истакнам дека ‘Тотал’ сега е најбараното масло помеѓу корисниците на возила и дека ‘Тотал’ се издигна како синоним за моторно масло со докажан квалитет. Наплив на нови клиенти постојано има, не се плашиме да отвораме нови фронтови во работењето, но главно нашите клиенти и соработници се истите лојални клиенти со кои, со години градиме стабилни односи на деловна соработка“, вели Мирковски и додава: „Воопшто не се согласувам дека во бизнисот нема емоции. Позитивните емоции се крајно потребни. Во права смисла на зборот се радувам на секој наш постигнат успех, за постигнатите цели, како кон нашата компанија така и кон нашите принципали. За да работиш кој било бренд едноставно треба да го чувствуваш како свој, да го сакаш, негуваш, развиваш и усовршуваш и да ‘зрееш’ со истиот. Затоа сме апсолутно посветени кон нашите крајни потрошувачи, кои многу добро ја разбираат филозофијата на нашето работење“.
Популарноста на „Тотал“ достигна до невидени размери, што, пак, изминатите години предизвика и нелојална конкуренција и понуда на производи „Тотал“ кои се со несоодветен квалитет од производителот, нереална цена и неоригинална декларација.
Компанијата „Еуроимпекс“ ги советува купувачите при купување на маслото „Тотал“, да го купат само оној „Тотал“ производ на чија амбалажа е поставена декларација од страна на генералниот увозник „Еуроимпекс“, која ги содржи сите информации согласно со Законот за потрошувачи.
Денешниот развој на брендот „Тотал“ се темели на новите Low S.A.P масла за Еуро5 и Еуро6 мотори кои „Тотал“ ги промовира во соработка со ОЕМ`s (Оrganization of European Мanufactures), Heavy Duty и широкиот асортиман на производи во сите сегменти на индустријата.
„Еуроимпекс“ дистрибуцијата на масла ја врши пo сите сегменти, располага со широко пространа дистрибутивна мрежа во рамките на целата Македонија и со тоа брендот „Тотал“, е лесно достапен до крајниот потрошувач.
(ПР текст)