Според првичните информации, момчето вчера било донесено во болницата „8 Септември“ во септична состојба и умрело само неколку часа по престојот во болницата.
Како што информираат од здравствениот инспекторат, првичните информации се дека на момчето му била направена интервенција на хемороиди во една приватна здравствена установа во Тавталиџе.
Инспекторатот во моментов прави увид во приватната здравствена установа и во болницата „8 Септември“ и во текот на денот ќе даде дополнителни информации.