6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Момчето ѝ подари огрлица – после една година дозна што всушност носела цело време

    Австралиецот Тери на својата девојка Ана ѝ подари огрлица со дрвен приврзок кој самиот го изработил, а на девојката толку многу ѝ се допаднала истата што воопшто не ја симнувала од својот врат цела една година.

    После една година, Тери одлучил да ѝ покаже што всушност се крие во приврзокот кој 365 дена го носела на својот врат.

    Парот отишол на патување во Шкотска за кое отсекогаш сонувале да го направат, а тогаш Тери ѝ рекол на Ана да ја извади огрлицата за да ја фотографира со карпите. Кога му ја дала, тој ја расекол на половина, а од дрвениот приврзок извадил веренички прстен со кој ја побарал Ана за сопруга на нивното патување од соништата.

    -Првин се обиде да сфати што се случува, а кога се смири ме праша дали прстенот бил цело време во приврзокот- раскажува Тери. Кога чула дека цело време една година го носела вереничкиот прстен Ана откачила.

    -Сум можела да го загубам- му викала на својот вереник, но набрзо после тоа ја обзела радоста и среќата од запросувањето.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.