6 C
Skopje
петок, февруари 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Модерните луѓе и неандерталците живееле заедно илјадници години

    Модерните луѓе и неандерталците во Европа биле во соживот десет пати подолго отколку што се претпоставуваше, покажуваат резултатите на досега најопширното истражување на остатоците од неандерталските коски и орудија.

    Меѓународниот тим на научници истражувале повеќе од 400 примероци на неандерталски остатоци од најголемите европски наоѓалишта, со помош на најмодерни технолошки методи на универзитетот во Оксфорд. Доказите покажуваат дека современите луѓе и неандерталците живееле едни со други пет илјади години, па дури меѓу нив доаѓало на размена на идеа и култура.

    Резултатите од истржувањето, кои се објавени во магазинот „Nature“,  даваат досега најјасен увид за интеракција меѓу неандерталците и човечките предци, кога првпат се сретнале, што се случило тогаш и зошто неандерталците изумреле, изјави професорот Томас Хигам од Оксфорд. Идејата дека нандерталците изумреле многу брзо, односно со самото доаѓање а човекот, можеме да ја тргнеме на страна. Наместо тоа сега можеме да видиме сложен процес на соживот на две популации.

    Претходно се мислеше дека соживотот на двете врсти траел само 500 години. Тоа доведе до шпекулации дека хомо сапиенсите или ги убиле неандерталците или им донеле неизлечлива болест. Новите податоци покажуваат дека живееле едни со други десет пати подолго. Таквата проценка објаснува зошто архиолозите откриле доцен напредок на неандерталците за развој на орудија и користење на накит како луѓето.

    Студијата покажува дека неандерталците изумреле десет илјади години порано отколку што се претпоставуваше, односно пред околу 40 илјади години, во периодот кој се совпаѓа со почетокот на многу студеното доба во Европа. Податоците исто така покажуваат дека модерните луѓе пристигнале во Европа од Африка порано отколку што се мислело досега, пред 45 илјади години.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.