Раководството на МКФ реши го прифати барањето на Здружението на клубови од Прва лига за одложување на стартот на првенството лига за една недела.
„Во интерес на кошаркарскиот спорт и љубителите на кошарката во Македонија се одложува почетокот на натпреварите од 1 коло во Првата лига мажи за 19.11.2016 година. Клубовите се задолжуваат навремено да дадат термини за одигрување на натпревари и да ги подмират финаниските услови, заостанати долгови од минатата сезона,50 % котизација за учество во лига најдоцна до 18.11.2016 година“, се вели во дел од соопштениеот објавено на официјалната интернет страница на МКФ.
Во исто време МКФ ги задолжи клубовите да ги исполнат своите обрски.
1. навремено да дадат термин за одигрување на натпреварите.
2. да ги подмират финансиските услови, заостанати долгови од минати сезони, котизација од 50% за учество во лига најдоцна до 18. ноември 2016 година, согласно актите и одлуките на телата на МКФ.
3. дел од фактура за лиценца на странски играчи во износ од 15.500 денари (по играч), да се плати најдоцна до 18.ноември 2016 година, а остатокот од фактурата да се плати најдоцна до 16. декември, 2016 година.
4. да ја завршат регистрацијата на играчите согласно Регистрацискиот правилник на МКФ
5. да ја завршат регистрацијата на тренерите и на службените лица согласно со актите на МКФ.