Преспанскиот договор никогаш не требаше да биде потпишан и секако, никогаш не требаше да дојде во грчкиот парламент за ратификација, бидејќи претставува национален пораз, изјави лидеорт на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис за време на дебатата во грчкиот парламент.
„Договорот од Преспа никогаш не требаше да биде потпишан и, се разбира, никогаш не требаше да биде донесен за ратификација во грчкиот парламент”, рече Мицотакис пред пратениците во пресрет на утрешното гласање за договорот.
Тој претставува национален пораз, национална грешка која е навреда за вистината и историјата, додаде Мицотакис.