Лидерот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, по ратифицирањето на преспанскиот договор во парламентот во Грција оцени дека денешниот ден е тажен и тежок.
„Денеска е тежок и тажен ден за Грција“, порача Мицоракис.
Според него, ратификацијата значи признавање на македонскиот јазик и идентитет од страна на грчата влада.
Преспанскиот договор беше усвоен во грчкиот парламент со 153 гласа „за“, наспроти 146 гласа „против“.