„Ќе одиме на победа и против фаворитот Германија“, порача ракометниот репрезентативец Филип Миркуловски по вчерашната победа против Црна Гора и пласманот во втората фаза на еврошампионатот во Хрватскa.

„Сакаме да направиме три победи и нема да се штедиме. Германците може да калкулираат бидејќи имаат подолга клупа, но мечот со Словенија покажа дека и тие се ранливи.

Ќе мора да направиме добра анализа, иако сме истрошени. Ние одиме натпревар по натпревар и секогаш играме подобро кога не сме фаворити“, вели Миркуловски.