Минарето на џамија што изронува од леденото езеро во турскиот град Агрија привлекува многубројни посетители во текот на зимата.
Голем дел од селото Баскавус, 18 километри од центарот на градот, остана под вода по стартување на браната Јазики, што доведе до иселување на населението. Селската џамија и бројните куќи останаа под вода, само минарето остана над водената површина.
Во текот на летните месеци до минарето потешко се доаѓа отколку зиме, кога водата замрзува и овозможува полесен пристап до него. Оваа сцена во текот на зимската бајка во Агрија привлекува бројни фотографи и туристи, домашни и странски.