Мигрантот Али Башар од Ирак е обвинет за силување и убиство на 14-годишно девојче од Германија, како и за неколку силувања на други деца. Тој бил одбиен на барањето за азил во Германија, објави „Дејли мејл“.
Башар побегнал во Ирак, откако во мај минатата година ја претепал, силувал и задавил 14-годишната Сузан Мари Фелдман, во близина на неговото засолниште за бегалци во градот Весбаден.
Дваесет и едногодишниот мигрант се вратил во северен Ирак, но поради непостоењето на формален договор меѓу Ирак и Германија, префрлен е во Германија, каде против него е поднесена кривична пријава.
Тој се товари и за силување на 11-годишно девојче од април 2018 година, откако ја заклучил во неговата соба, како и за уште едно силување што се случило следниот месец во близина на супермаркет.