Група од пет мигранти вчера ограбиле патници во воз кој сообраќај на релација Бихаќ-Сараево. Тие среде пруга го запреле возот со рачната кочница за случај на опасност и избегале.
Случајот е пријавен во полиција додека возот поминувал низ железничката станица во Станари, Република Српска.
По извршениот разговор со полицијата, патниците рекле дека мигрантите од неколку патници украле чанта, храна и полнач за мобилен телефон.
Полицијата го истражува случајот.