6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    МЗШВ: Рекордни 718 понуди за јавниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

    Вкупно 718 понуди пристигнаа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, информираат од министерството.

    Рокот за поднесување на понуди заврши минатата недела, сега во тек е евалуација односно проверка на докумeнтацијата на понудите и во рок од 45 дена се очекува да се склучат договорите со оние земјоделци кои поднеле комплетна и уредна документација.

    Со овој јавен повик за разлика од огласите за давање под закуп на државно земјоделско земјиште, МЗШВ им овозможи на сите заинтересирани доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку подготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Преку ваквиот тип на јавен повик МЗШВ ја спроведува политиката на ставање во функција на целото расположливо земјоделско земјиште, особено на оние парцели што не се атрактивни и што се со понизок квалитет од 4,5,6,7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство.

    Јавниот повик беше наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Земјиштето за кое што ќе склучи договор треба да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.