Кошаркарите на МЗТ ја забележаа шесттата победа во АБА лигата, откако во саботата славеа над Мега Лекс 75:74 (23:21, 21:13, 24:22, 7:18).
МЗТ одигра уште еден меч со многу осцилации во регионалната лига, но на крајот успеада победи во драматичен финиш, иако во последната четвртина имаше предност и од 14 поени (71:57).
МЗТ три четвртини го контролираше натпреварот, одржуваше предност од шест до 11 поени, а кога на почетокот на последниот период играчите на Анте Назор стигнаа до позитива од 14 поени, нивната игра целосно се распадна.
Мега Лекс со серија од 12 поени се доближи на два поени негатива , а со тројката на Чанчар на точно 60 секунди до крајот го презеде водството 73.74.
Во последната минута, МЗТ не му доволи на противникот да поентира, а од друга страна Клоп и Тејмс погодија по едно слободно фрлање за конечен триумф на македонскиот првак.
Македонскиот шампион до победата го предводеше Џош Скот, кој забележа уште еден двоен ефект оваа сезона, 17 поени и 12 скокови. Покрај Американецот кој имаше индекс на корисност 32, двоцифрен број на поени постигнаа и Шарлон Клоф (15, поени, 4 скокови, 4 асистенции), Ѓорѓе Дреновац (12 поени) и Јуре Лалиќ (10 поени).
Мега Лекс исто така имаше четворица со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Спасојевиќ со 14 кошеви.
По ова 20-то коло во АБА лигата, МЗТ и Мега Лекс имаат идентичен скор од шест победи и 14 порази.