6 C
Skopje
петок, септември 22, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    МЗТ со пораз ја заврши кошмарната сезона во АБА лигата

    МЗТ со пораз ја заврши кошамрната сезона во АБА лигата, во која сепак успеа да избори опстанок. Македонскиот шампион, во понеделникот, беше поразен од Морнар 63:69.

    Сезоната во која срамежливо се најавуваше пласман во гориот дел од табелата, МЗТ ја заврши на претпоследното место во АБА лигата, со осум победи и 18 порази и само благодарени на подобриот меѓусебен скор со Крка избори опстанок.

    Мечот во „Јане Сандански“ немаше натпреварувачко значење, но тоа не им значеше многу на домашните кошаркари, кои пружија уште една бледа партија. Мечот со Морнар најдобро ја отсликува целата сезона на МЗТ, во која имаше бројни промени во стручниот и играчкиот кадар.

    Израмнетото прво полувреме им припадна на гостите од Бар кои во финишот со серија 1:7, стекнаа предност од четири поени (31:35).

    Третата и почетокот на последната четвртина целосно му припадна на Морнар, чии кошаркари стигнаа до максимални 17 поени предност (43:60).

    Тука Морнар застана, што МЗТ го искорсити и за пет минути со серија 20:5 се доближи на два поени од противникот. Во последните 50 секунди Морнар влезе со 63:65, но до крајот МЗТ не искористи два напади, а гостите постигнаа четири поени за конечни 63:69.

    Дреновац со 21 поен го предводеше МЗТ, тој беше единствениот играч на „металците“ со двоцифрен број на поени. Девет кошеви постигнаа Симоновски, Лалиќ и Клоф.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.