Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Сулејман Диабате (29 год., 188 см.) од петокот е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, објави клубот на својата интернет страница.
Африканецот игра на плејмејкерската позиција, која во моментов е убедливо „најтенка“ во сино-белиот состав, пред сѐ поради повредата на Шарлон Клоф чие враќање на теренот сѐ уште не е прецизирано.
Диабате доаѓа на едномесечен пробен период како пополнување на дупката во ростерот, со можност да остане до крајот на сезоната ако со своите игри ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.
Државјанинот на Брегот на Слоновата коска во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на НБА екипата Њујорк никс, за која настапуваше во Летната лига.
Минатата сезона бил дел од францускиот тим Руен, а има играно уште и за Дижон, Роан, Нанси и Гравелин.
Зад себе има забележителен настап на Афробаскетот во Тунис минатата година, на кој просечно реализирал 18,4 поени.
Диабате за МСт ќе дебитира в недела кога во „Јане Сандански“ ќе гостува Унион Олимпија.