МЗТ во седмиот натпревар, во АБА лигата, го заележа шестиот пораз, откако во Сремска Митровица беше поразен од Мега Лекс со 89:72 (27:22, 15:16, 23:19, 22:15).
Без тројца стадардни во тимот, со Ѓуроски, кој дебитираше за тимот од Аеродорм, кошарките на МЗТ одиграа како и на претходните средби, поради што и доживеаја убедли пораз.
МЗТ, особено во првото полувреме, беше блиску но ниту еднаш сериозно не ја загрози предноста на Мега Лекс. Во последната четвртина кај домаќинот се разигра младиот Чанчар, кој со две тројки ги згасна надежите на македонскиот шампион дека може да стигне до триумф.
Лошиот шут за три поени е една од причините за поразот на МЗТ, со погодени три тројки од 19 обиди тешко дека може да се добие кошаркарски натпревар. Две тројки постигна Ѓуроски, а една Темс.
Единствени кои одиграа нешто кај МЗТ беа центрите кои искомбинираа 37 поени и 12 скокови (Скот 22 поени, 8 скока, Лалиќ 15 поени, 4 скока). Покрај овие двајца двоцифрен број на кошеви постигна уште Темс (13), а целосно потфрлија Кларк кој заврши без поени, Лучиќ (4 поени).
МЗТ во наредното коло ќе ја пречека Олимпија.