Актуелниот шампион во АБА лигата, Црвена звезда, во Скопје ја продолжи победничката низа во оваа конкуренција. Белградскиот тим до 14-та победа во исто толку натпревари стигна против МЗТ, откако во Скопје победи 93:73.
Единственоот евролигаш од овој регион во текот на целиот натпревар ја имаше контролата врз игата, а клучната предност ја стекна во третата четвртина.
Иако МЗТ нешто подобро го отвори мечот, поискусниот и поквалитетниот тим беше тој кој ги контролираше настаните на теренот. Во првите две четвртини предноста на Црвена звезда најчесто изменуваше осум поени.
Мечот беше решен во третата четвртина кога МЗТ немаше решенија во нападот и со своите грешки му овозможи на противникот да постигне неколку лесни поени. во овој период со серијата 19:2 Црвена звезда стигна до максималните 25 поени предност. Гостите третата четвртина ја добија со 30:15.
Убедливата предност му дозволи на гостинскиот тренер Радоњиќ, во последниот период да игра без Јовиќ, Дангубиќ, Митровиќ, Кузмиќ.
„Малку се плашев како ќе одговориме на овој меч, кој доаѓа по нецели 48 часа од нашата победа над Макаби. Сепак играчите одиграа добро, осбено во третата четвртина. Сега ни престои една серија на тешки натпревари, во вторник гостуваме во Атина кај Олимпијакос, а во АБа лигата не чека и гостување кај Цедевита, доколку таму успееме да победиме ќе биде одлично“, рече по мечот тренерот на Црвена звезда, Дејан Радоњиќ, кој им се заблагодари на навивачите и на домаќинот за гостопримството.
МЗТ и на овој меч ги покажа сите слабости, осоено во одбраната, каде на противмикот му дозволи да постигне многу лесни поени. Оправдување за лошата игра не може да биде намалената ротација во ростерот предизвикана со неиграњето на Ѓуровски, Тејмс и Кларк.
„Моите играчи мора да разберат дека мечот се игра од почетокот до крајот, дека во текот на целиот натпревар треба да се борат. Тоа ќе биде важно за мечевите кои следат. На противникот му дозволивме многу лесни поени, лошо затворавме во рекетот“, рече Анте Назор тренерот на МЗТ.
Центрите беа најефикасни кај МЗТ, Скот постигна 23, а Лалиќ 15 поени, а двоцифрен број на кошеви постигна уште само Клоф (12).
Кај Црвена ѕвезда меѓу стрелците се запишаа 11 од 12-те играчи, најдобар беше Јовиќ со 11 поени и 10 асистенции, а најефикасен Дабубиќ со 16 поени (10 во третата четвртина), двоцифрен број на поени постигнаа уште Волтерс и Бјелица, двајцата по 12.