6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

МЗТ го отвори фан-шопот

На простор од околу 200 квадратни метри, во склоп на спортскиот центар „Јане Сандански“, во средата официјално беше отворен „Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“. Во објектот навивачите на петкратниот македонски кошаркарски шампион во иднина ќе можат да купат најразновидни производи со логото на омилениот клуб, но и останата квалитетна спортска опрема.

mzt fan shop

На отворањето на „Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“, беа присутни кошаркарите и стручниот штаб на „металците“ како и членови на управата и поранешни легенди на клубот.

Сите посетители на фан-шопот, во периодот од 17 до 21 август ќе добијат попуст од 20 отсто на целиот асортиман.

Отворањето на фан-шопот истовремено е и уште една од низата активности на предводниците на „металците“ кои се прават во чест на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на клубот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.