6 C
Skopje
сабота, декември 2, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    МЗТ во група со две поранешни евролигаши екипи

    Врвна кошарка ќе се игра оваа сезона во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, откако македонскиот шампион МЗТ ја прифати понудата да настапува во Еврокупот, а во четвртокот ги доби ривалите во првата фаза.

    mzt_grupi

    МЗТ, во првата фаза во Еврокупот, ќе се натпреварува во Ц групата, а за противници ќе има два тима кои минатата сезона играа во Евролигата (Уникаха и Баерн Минхен), еден ривал од АБА лигата (Будуќност од Подгорица), односно руски Зенит и шпанска Мурсија.

    Првиот меч МЗТ ќе го одигра на 12.октомври во Малага, против Уникаха, додека од групата прв во Скопје ќе гостува Зенит на 19.октомври. Првата фаза во Европкупот е предвидено да заврши на 14.декември, за кога е предвидено во Скопје да гостува Мурсија.

    Во Еврокупот ќе стартуваат 24 екипи, поделени во четири групи, а пласман во наредната рунда ќе изборат најдобрите четири тима од секоја група. Потоа ќе бидат формирани нови четири групи со по четири екипи, ќе бидат одиграни шест кола, а по две најдобри од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето кога ќе започне плејофот.

    Во четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се игра на три победи, а тимот кој ќе го освои Еврокупот ќе избори директен пласман во Евролигата.

    Еврокуп сезона 2016/2017:

    Група А: Нижњи Новгород, Гран Канарија, Цедевита, Зјелона Гора, АЕК Атина, Литкабелис

    Група Б: Химки, Алба, Билбао, Лијетувас Ритас, Волгоград, Партизан

    Група Ц: Уникаха, Баерн Минхен, Мурсија, Будуќност, Зенит, МЗТ

    Група Д: Локомотив Кубан, Валенсија, Олимпија, Хапоел Ерусалим, Улм, Фуенлебрада.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.