6 C
Skopje
четврток, јуни 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Меј: Дајте ми поддршка за да ја завршам работата

    Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, ги повика пратениците да ја поддржат нејзината Влада за да може да ја заврши започнатата работа околу излегувањето на државата од Европската Унија.

    Во обраќањето на собраниската дебата за гласање на доверба на Владата рече дека претстои долг пат до повторно обединување на британската јавност по референдумот за брегзит во 2016 година.

    „Се наоѓаме во историски моменти по референдумот кој ја подели нацијата на два дела. Повеќе од потребно ни е повторно да се обединиме, а синоќешното гласање покажа дека ни претстои долг пат. Но не верувам дека парламентарни избори, ниту Влада на чело со Џереми Корбин се тој пат“, рече Меј.

    Корбин, лидер на Лабуристите, на почетокот на дебатата ја нарече Владата на Меј „зомби влада“ и рече дека се потребни нови избори откако предлогот на Меј за договорот за брегзит вчера беше отфрлен во Парламентот со големо мнозинство.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.